Актуелно

Разрешен Милошевски, нов директор на АНБ ќе биде Христовски 

Денеска на владина седница е разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, дознава ТВ21 од владини извори.

Милошевски дојде на директорското столче откако беше избран за наследник на Виктор Димовски.

Наследувањето на функцијата беше во време кога Агенцијата за национална безбедност ја тресеа скандали поради давање на македонско државјанство за украинскиот олигарх Олександр Онишченко.

На негово место, според информациите на ТВ21, доаѓа Бојан Христовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons