МакедонијаНајново

Разбиена мрежа за нелегални престои на странски државјани во Македонија 

Денес зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово.

Полицијата презема решителни чекори за внатрешно чистење и сузбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата. Денес зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово.

Неoфицијално, aкцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации домови, возила, лични претреси, како и службени простории на МВР, вклучително и канцеларијата за странци зградата на Македонска телевизија, а се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.

Извори од МВР брифираат дека криминалот ја јаде државата одвнатре, но очигледна е решителноста на полицијата да го воспостави редот и да сузбива разни облици на организиран криминал кој длабоко е вкоренет во администрацијата на секое можно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons