Актуелно

Радијаторите ладни – Ќе се вклучат само во овие услови во преодниот период 

Грејната сезона заврши вчера но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија. 

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) информираа дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува на 15 април 2025 година и стартува т.н. преоден период кој трае до 30 април.

-Од денеска па се до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови,  велат од Регулаторната комисија за енергетика. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons