Пјастри ја освои петтата победа во Формула 1 оваа сезона, двоен успех за Мекларен на Големата награда на Шпанија
Шарл Леклер од Ферари (Монако), кој започна од седмата позиција, заврши трет.
Австралискиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои Големата награда на Шпанија во Формула 1, деветта од 24 трки во сезоната.
Тој започна трката од пол-позиција и извозе совршена трка, завршувајќи пред тимскиот колега Ландо Норис (Велика Британија), кој исто така започна од првиот ред. Тоа беше петта победа на Пјастри оваа година и тој е водечки во пласманот на возачите.
Шарл Леклер од Ферари (Монако), кој започна од седмата позиција, заврши трет.
Џорџ Расел (Велика Британија, Мерцедес) и Нико Хулкенберг (Германија, Заубер), Луис Хамилтон (Велика Британија, Ферари), Исак Хајар (Франција, Рејсинг Бул), Пјер Гасли (Франција, Алпин), Фернандо Алонсо (Шпанија, Астон Мартин) и Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул) ги надополнуваат топ 10. (МИА)