Спорт

Пјаниќ и Нани ќе ја прекинат пензијата за да заиграат заедно во Казахстан

Казахстанскиот шампион Актобе е на чекор да предизвика вистинска сензација на фудбалската сцена, откако локалните медиуми најавуваат враќање од пензија на две големи имиња, Мирaлем Пјаниќ и Луис Нани.

Пјаниќ, кој кон крајот на 2025 година ја заврши кариерата, прифатил едногодишен договор и би станал еден од најплатените играчи во историјата на лигата. Искусниот играч од средниот ред е планиран како лидер на тимот и клучна фигура во амбициозниот проект на Актобе.

Паралелно се работи и на договор со португалскиот ветеран Нани, кој исто така е блиску до потпис на едногодишна соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons