Спорт

ПСЖ го совлада Арсенал, во финалето против Интер 

ПСЖ и на реваншот го совлада Арсенал и обезбеди финале против Интер на 31-мај во Минхен. По оние 1:0 во Лондон, Парижаните беа подобри со 2:1, а не реализираа и пенал. Фабиан Руиз и Хакими погодија за ПСЖ, додека почесниот погодок за Арсенал беше дело на Сака.

Иако не беше возбудлив како синоќешниот меч, сепак и оваа полуфинална пресметка донесе многу возбудувања. Ова е само добра најава за одличен фудбал и финале. ПСЖ против Интер ќе се бори за својот прв трофеј во воторото финале кое ќе го игра, додека за Интер е седмо финале и обид да стигнат до четвртиот трофеј во историјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons