„Протекоа“ детали за најскапите модели на iPhone досега
Компанијата Apple ќе претстави повеќе од 15 нови производи оваа есен, а најголем интерес е за моделите iPhone 17. Додека го чекаме најтенкиот iPhone 17 Air, објавени се фотографии и наводни спецификации на моделите Pro и Pro Max што пристигнуваат оваа есен.
Компанијата Apple ќе претстави повеќе од 15 нови производи оваа есен, а најголем интерес е за моделите iPhone 17. Додека го чекаме најтенкиот iPhone 17 Air, објавени се фотографии и наводни спецификации на моделите Pro и Pro Max што пристигнуваат оваа есен.
Според 9to5Mac, моделите iPhone 17 Pro и Pro Max ќе имаат помоќни A19Pro чипови, достапни исклучиво на овие модели.
Дијагоналата на екранот останува иста како и на моделот 16 Pro Max, 6,9 инчи, но доаѓаат големи промени кога станува збор за камерите. Предниот сензор од 12MP ќе биде заменет со нов од 24MP, а телефото објективот на задната камера ќе биде зголемен на 48MP.
https://x.com/appltrack/status/1952595576635458018?s=46
Apple ќе инсталира 12GB RAM меморија во моделите iPhone 17 Pro и Pro Max, што е зголемување од 50 проценти во споредба со претходната генерација на уреди. Се очекува uзголемената работна меморија да биде значајна при работа со системот Apple Intelligence и други апликации кои бараат поголема меморија.
Можно е дисплејот на новите iPhone уреди да има заштитен, антирефлективен слој, кој е исто така поотпорен на гребнатини. Според гласините што ги објави 9to5Mac, моделот iPhone 17 Pro Max ќе биде малку подебел за да ја „прими“ најголемата батерија досега. Во споредба со 16 Pro Max, кој е дебел 8,25 mm, 17 Pro Max е подебел 4,75 mm.
На задната страна на овие уреди доаѓа лентата за камера, односно „лентата“ во која се поставени камерите. Тие ќе бидат направени од алуминиум, а покрај стандардните метални бои, се споменуваат и портокалова и морнарско сина боја.
Конечно, цената на уредите iPhone 17 Pro и Pro Max за американскиот пазар треба да започне од 1.249 долари.
https://x.com/coolkoos7/status/1951413880011329733?s=46