КултураМакедонија

Промовирана „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски 

Во чест на 90 години од раѓањето на великанот на македонската литература Петре М. Андреевски во Македонската академија на науките и уметностите  се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата, како и илустрациите на страниците, се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син Петре М. Андреевски.

Македонската литература доби една несекојдневна и единствена книга „Книга за Петре“ (сите лица на расказот). Петре М. Андреевски, кој е воедно и автор на многубројни незаборавни раскази во оваа книга стана личност, т.е книжевен лик кој се појавува низ 19 свои нови овоплотувања во расказите на 19 современи македонски раскажувачи. За единствената и неповторлива митско-магиска аура со која се обвиткани сите нешта на Петретовата Слоештица говореше и академик Урошевиќ, кој е воедно и автор на еден од расказите во оваа книга во издание на Арс Ламина.

ОД СВОЕТО СЕЛО, ОД СВОЈАТА СЛОЕШТИЦА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ НАПРАВИ ЕДЕН ПОСЕБЕН СВЕТ КОЈ Е ЕДНА ОД НАЈПРЕПОЗНАТЛИВИТЕ ТОЌЛО ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЕТСКА ГЕОГРАФИЈА. ВО ТОЈ ВОЛШЕБЕН ВИЛАЕТ СЕКОЈДНЕВНИТЕ СЕЛСКИ РАБОТИ ТЕЧАТ ПАРАЛЕЛНО СО ДЕЈАНИЈАТА НА НЕВИДЛИВИТЕ НАТПРИРОДНИ СИЛИ. ВСУШНОСТ СЕКОЈ ГЕСТ, СЕКОЈ ПОТЕГ, СЕКОЈА ПОЈАВА ИМААТ ДВОЈНО ЗНАЧЕЊЕ: ОНА ОБИЧНО СЕКОЈДНЕВНО, ПРИЗЕМНО И ОНА ДРУГО МАГИСКО, РИТУАЛНО, ТРАНСЦЕДЕНТНО.   ИЗЈАВИ АКАДЕМИК. ВЛАДА УРОШЕВИЌ  

Чествувајќи го Петре М. Андреевски, расказите истовремено го чествуваат и нашиот заеднички, еден и единствен мајчин јазик, македонскиот, забележа Ќорвезироска., која е воедно и приредувач на оваа книга.

„КНИГА ЗА ПЕТРЕ“ Е ТЕМАТСКА ЗБИРКА РАСКАЗИ ЗА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ЧЕСТВУВАЧКА И НАМЕНСКА АНТОЛОГИЈА. ТАА СУШТИНСКИ И СО СВОЈОТ ПОДНАСЛОВ ГИ СЛАВИ СИТЕ ЛИЦА НА РАСКАЗОТ КАКО ШТО АНДРЕЕВСКИ ГИ СЛАВИ СИТЕ ЛИЦА НА СМРТТА ВО ПОСЛЕДНАТА ЗБИРКА РАСКАЗИ ОБЈАВЕНА ЗА ВРЕМЕ НА НЕГОВИОТ ЖИВОТ. ИЗЈАВИ ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА., ПРИРЕДУВАЧ НА КНИГАТА

И ДА НЕ НИ ОСТАВЕШЕ НИШТО ДРУГО ОСВЕН БИСЕРОТ НА СВЕТСКАТА ЉУБОВНА ЛИРИКА „ДЕНИЦИЈА“ И МЕТАИСТОРИСКИОТ РОМАН, ЈАС ТАКА ГО ВИКАМ „ПИРЕЈ“ ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ЌЕ ОСТАНЕШЕ ГЕНИЈ ВО НАШАТА КНИЖЕВНОСТ. ТОА ШТО ОН НИ ГО ОСТАВИ Е ЕДНА „СТИЛСКА МАСТИЛНИЦА“ ЗА ОНИЕ КОИ ДОАЃААТ , ДА ГИ МАКААТ СВОИТЕ ПЕРА, МЕЃУ НИВ СУМ И ЈАС И ДА СИ ГО БАРААТ СВОЈОТ ГЛАС ПРЕКУ НЕГОВОТО НЕВИДЛИВО СТИЛСКО МАСТИЛО ВЕНКО АНДОНОВСКИ, ПИСАТЕЛ.

Во исто време денес во Слоештица се одбележува 90 годишнината од раѓањето на великанот на македонската литература Петре М. Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons