МакедонијаНајново

 Продолжува штрајкот во Државниот испитен центар

Сојузот на Синдикати го поддржува штрајкот на вработените од  Државниот испитен центар. Поради нивниот штрајк, нема да се случи стручниот испит за наставници и стручни работници за приправници. 

Станува збор за 700 лица кои треба да полагаат, за да им се трансформира работниот однос до крајот на годината. Од ССМ велат, ако има пари за функционерите треба да има и за работниците. 

Од ДИЦ ги повторија нивните барања за повисоки плати и велат дека штрајкот продолжува до исполнување на нивните барања за повисоки плати. 

Од Министерството за образование и наука претходно апелираа дијалогот помеѓу Министерството за финансии и Државниот испитен центар да продолжи до целосно усогласување на ставовите на двете страни. 

Од Финансии рекоа дека со потпишувањето на новиот општ колективен договор, и вработените во оваа институција од месец септември добија 10% повисоки плати.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons