Актуелно

Продолжува судењето за „Пулс“ – ќе се сослушаат пет нови сведоци

Во судницата во Идризово денеска продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено сослушување на пет нови сведоци и законски застапници на оштетените.

На претходните рочишта, преживеаните сведоци опишаа сцени на паника и хаос кои настанале кога чадот и пламенот го зафатиле преполниот објект. Обвинителот Борче Јанев во своето воведно излагање беше дециден дека трагедијата е резултат на долгогодишни системски пропусти.

„Општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во ‘Пулс’. Не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи“, порача обвинителот Јанев, додавајќи дека објектот бил „смртоносна стапица“ поради недостиг на контрола.

Од друга страна, одбраната на сопственикот Дејан Јованов и неговиот син Михаил ја оспорува вината, тврдејќи дека поседувале документација и дека вината е кај институциите. Сите обвинети во случајот се изјаснија за невини. Кобниот пожар избувна на 16 март 2025 година за време на концерт, кога во дискотеката имало над дозволениот број посетители и била користена пиротехника без дозвола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons