Прогласени најдобрите во македонското пливање за 2024 година
Во свечена атмосфера и пред најголемите имиња во македонското пливање, беа прогласени најуспешните пливачи за изминатата година.
Македонската пливачка федерација одлучуваше за најдобрите во вкупно 16 категории, опфаќајќи и базенско и далечинско пливање.
Пливачкиот клуб Вардар 2018 уште еднаш ја покажа својата неприкосновеност, освојувајќи дури 10 пехари.
Државно Првенство на Македонија во 25м базен:
Најдобар пливач (сениори) – Никола Ѓуретановиќ
Најдобра пливачка (сениори) – Софиа Дамјанова
Најдобар пливач (младинци) – Никола Ѓуретановиќ
Најдобра пливачка (младинци) – Софиа Дамјанова
Најдобар пливач (кадети) – Петар Цеков
Најдобар пливач (постари пионери) – Никола Велковски
Најдобар пливач (помлади пионери) – Влатко Цеков
Куп на Македонија во Далечинско Пливање
Најдобар пливач во далечинско пливање (апсолутна категорија) – Петар Цеков
Најдобар пливач во далечинско пливање (до 18 години) – Петар Цеков
Најдобар пливач во далечинско пливање – Куп на Македонија – Никола Велковски
Најдобар клуб во Македонија – ПК Вардар 2018