Македонија

Проверете ги сметките – Почна исплатата на социјалните, детските и цивилните права за јуни 2025 

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2025 година.

Како што се наведува во соопштението, корисниците на парични права кои што поседуваат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

– Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, односно денеска – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, додека пак, во понеделник – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, стои во соопштението на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons