МакедонијаНајново

При инспекциски надзор детектиран опасен отпад во близина на село Орман 

При редовна обиколка на територијата на Општина Ѓорче Петров од  oвластен инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров лоцирано е одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони.

Како што е објавено на фејсбук страната на Државниот инспекторат за животна средина отпадот бил лоциран минатата недела.

– Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад, информираат од Инспекторатот.

Оттаму посочуваат дека според затекнатата состојба на теренот и проценка за ризикот, овластениот инспектор за животна средина по службена должност започнал инспекциска постапка и при тоа издал решение со кое им се наредува на сопствениците на земјиштето дислокација на опасниот отпад од катастарските парцели во село Орман на соодветна за тоа локација во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

sitel.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons