Притвор од 30 дена за 13 осомничени за трагедијата од Кочани – меѓу нив Бектеши, Трајковски, Максути
Судот во Кочани им одреди триесетдневен притвор на 13 осомничени за трагедијата во Кочани во која загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 се тешко повредени. Меѓу оние на кои им е одреден триесетдневен притвор откако два пати им беше одредуван краткотраен 48-часовен притвор се поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, поранешниот директор Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути и други приведени.
Во текот на денот се очекува кочанскиот суд да донесе одлука за уште шест лица за кои имаше краткотрајни притвори.
Вчера попладне беа приведени тројца поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илиев од СДСМ и актуелниот кој си поднесе оставка по трагедијата, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ. Јавното обвинителство повеќе детали најави за во текот на денот, какви мерки ќе се бараат за нив.