Привремено или трајно одземените возила ќе можат да ги користат сите државни институции
Согласно новите измени на Законот за управување со конфискуван имот, од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени, а со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот, информира директорката на Агенцијата, Ирена Илиевска.
Како што појасни, досега со овие возила можеа да управуваат само Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но од денеска ќе можат и државните институции кои што ќе поднесат барање до Агенцијата за управување со одземен имот.
„Согласно последните измени кои што се донесени и кои што веќе се на сила, сега со измените кои што ги предложи самата Агенција, поради тоа што увидовме дека возилата пропаѓаат и на дел од нив може да се изврши продажба за оние кои што се конечно завршени постапка, меѓутоа за оние кои што се привремено одземени не беше возможна продажбата, ниту отстапувањето, па затоа предложивме нови законски измени кои што веќе од денеска стапуваат на сила. Со овие измени, до возила може да дојдат сите државни институции кои што ќе поднесат барање до Агенцијата за управување со одземени имот“, рече Илиевска.