МакедонијаНајново

Приведено лице кое на патот Штип – Кочани управувало возило со 1,70 промили алкохол во крвта

Полициски службеници денеска во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип – Кочани, кај село Долни Балван, општина Карбинци, го лишиле од слобода И.Д. (21) од Пробиштип, поради управување возило под дејство на алкохол.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се вели во соопштението од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons