Приведени седум возачи: Пијани предизвикувале несреќи, други возеле без дозвола и со марихуана
Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и двајца управувале возило под дејство на алкохол. Две лица во тетовско возеле без возачка дозвола и по еден во Кавадарци и скопско Батинци. Едно лице во кумановско Доброшане управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана. Во неговото возило била пронајдена и марихуана. Возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол и со него излетал од патот. Додека, возач од кичевско управувал возило под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна несреќа со друго возило, при што се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.



