Спорт

Претседателот на Анкарагучу доби доживотна суспензија 

Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча доби доживотна суспензија поради физичкиот напад врз судијата Халил Умут Мелер на мечот против Ризеспор.

По големиот инцидент Коча се извини и најави оставка, но највисоките санкции не изостанаа. 

Тој веднаш беше уапсен и притворен. А Фудбалската федерација на Турција го суспендира доживотно од вршење функција во фудбалот.

Анкарагучу ќе плати парична казна од 54.000 фунти и ќе одигра пет меча на домашен терен без публика.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons