Претежно сончево, температурата до 22 степени
Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.