Македонија

Пресечен канал за транспорт на екстази во Скопје – заплена на синтетичка дрога, упасени три лица 

Големо полициско присуство денес попладне кај противпожарната служба во скопската населба Автокоманда, каде што се спроведува полициска акција против криминална мрежа. 

Според неофицијални информации, акцијата ја води Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал, при што бил пресечен канал за транспорт на синтетичка дрога – екстази. 

На терен, во моментот на акцијата, биле лишени од слобода најмалку три лица. Запленета е значителна количина на екстази – дрога која претставува сериозна закана по здравјето, особено поради тоа што главна таргет група ѝ е младата популација. 

Според истите извори, се очекува продолжување на акцијата со претреси на неколку локации во подрачјето на Скопје и Куманово. 

Операцијата претставува уште еден силен удар врз организираниот криминал и јасна порака дека државата нема да дозволи улиците и иднината на младите да бидат загрозени од опасни мрежи за трговија со дрога.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons