Премиерот Христијан Мицкоски со семејството на Бадник (Фото)
Премиерот Христијан Мицкоски сподели селфи со семејството. На фотографијата се познава дека паричката за Бадник се паднала кај неговиот помал син.
Премиерот традиционално Бадник чека со неговата сопруга, две деца и неговите родители.
„На традиционална бадникова вечера со моите најблиски. Ова се празници на љубов, дарување и почитување.
Честит Бадник. За многу години“, напиша премиерот на ФБ.



