Прегазен пешак кај трговскиот центар „Зебра“, возачот избегал
На улицата „Народен фронт“, близу трговскиот центар „Зебра“ во Скопје возач со голема брзина удрил во човек па избегал од местото.
Сообраќајката се случила на место каде нема пешачки премин, но пешаците често ја поминуваат оваа улица токму на тоа место, пишува Независен.
На улицата има скршен ретровизор и помали пластични делови од автомобил, а сè уште се видливи остатоци од крв.
Пешакот е со тешки повреди е пренесен во болница и засега нема детали за неговата состојба.
Се очекуваат повеќе детали од полиција во текот на денот.



