Актуелно

Прв лет Скопје – Мадрид

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Визер“.

Првиот лет ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота.

Од скопскиот аеродром од денеска повторно се лета до Ларнака и ќе има летови секој вторник и сабота.

Скопје вчера се поврза авионски со Стокхолм и Бари, а Охрид со Базел.

Летовите ги реализира „Виз Ер“ со субвенции од Владата.

МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons