МакедонијаНајново

Први информации за пукањето во Чаир: Пукано од возило „пасат“, едно лице се бори за живот 

МВР потврди дека има пукање вечерва во скопски Чаир. Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница.

МВР за ТВ21 потврдија за инцидентот. 

„На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило “пасат”. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Според информации на ТВ21, лицето е со иницијали А.Б., и поради тежината на повредите, веднаш врз него се врши операција во Клиничкиот центар. А.Б. е во тешка состојба, и се бори за живот. 

ТВ21 претходно пренесе дека „Пасатот“ е со кумановски регистарски таблици кое веднаш избегало од местото на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons