Магазин

Првата 5Г роботска операција извршена во Тибет на растојание од 4.000 километри

Кинеските лекари успешно ја извршија првата далечинска роботизирана уролошка операција со помош на 5Г мрежа во градот Накчу, на надморска височина од над 4.500 метри, во кинескиот автономен регион Синџијанг во Тибет, пренесуваат кинеските власти.

Операцијата е извршена во реално време и покрај растојанието од 4.000 километри помеѓу двете болници вклучени во процедурата, пренесува Еуроњуз.

Поради екстремните услови на голема надморска височина, предизвиците вклучуваа стабилноста на роботската опрема, брзината и сигурноста на 5Г преносот и способноста на лекарите да работат во тешки услови.

За да биде успешна операцијата, болниците воспоставиле соработка со мрежните провајдери и направиле бројни тестови и симулации, се потврдува во соопштението. Подготовките вклучуваа детално проучување на случајот на пациентот, креирање персонализиран план за лекување и неколку недели проби.

„Од медицинска гледна точка, ова претставува голем чекор напред во областа на 5G далечинската роботска хирургија“, изјави шефот на одделот за урологија на локалната болница, Ванг Јанлонг.

Според него, искуството стекнато од оваа операција го отвора патот за уште посложени интервенции во иднина со користење на 5Г технологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons