МакедонијаНајново

„ПРАВДА ЗА ЈАНА“-Вечерва протести во Скопје и Битола 

Во Битола и во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржат протести поради смртта на шестгодишната Јана.

Скопјани и битолчани ќе го изразат својот револт заради прерано згаснатиот живот на Јана. Во Битола, граѓаните ќе излезат во 19 часот на плоштадот Магнолија со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“, додека во Скопје ќе се протестира пред Министерството за здравство, во исто време.

Повикот за протест е објавен на „Фејсбук“, а целта е да се сврти вниманието кон состојбите во македонското здравство. Со протестот се бара Правда за Јана, оставки и реформи во здраството. 

Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала уште кога ја примала првата инфузија, Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons