По среќната вест за ламата, ЗОО Скопје нè израдува и со новородено лемурче
Од Зоолошка градина Скопје денеска соопштија дека имаат принова, денеска се родило лемурче, а вчера лама.
– Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето, напишаа од Зоолошка градина Скопје на нивниот фејсбук-профил.