МакедонијаНајново

По расправија, човек се обидел да прегази работници во Кисела Вода

Во СВР Скопје вчеравечер во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно човек се обидел да прегази работници на градилиште во Кисела Вода. 


Според пријавата од 56-годишниот Н.К од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.

– Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“- велат од МВР.

Од Министерството информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons