Почна летното сметање на времето
Почна летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ, стрелките на часовникот се поместени како да е 3 часот, односно еден час напред.
Воведувањето на летното сметање на времето е предложено во 1784 година. Во САД, го предложил Бенџамин Френклин, кој бил познат по тоа што спиел подолго. Сепак, тој тоа го предложил како шега. Но, за неговото значење и бесмисленост се дебатира повеќе од два века.
Летното сметање на времето завршува на 27-ми октомври во 3 часот кога часовникот се поместува еден час наназад. Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со директивите на ЕУ и на обрската од македонскиот Закон за сметање на времето.
Во рамките на ЕУ неколку години наназад се водат полемики дали оваа практика да продолжи или да се укине. Последниот став на Советот на ЕУ е дека за оваа мерка секоја земја треба да си реши за тоа како ќе си постапи.
Поместувањето на часовникот најмногу влијае на метеоропатите и хроничните болни.