Почнаа жештините: Денеска сончево и топло до 38 степени
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 29 до 38 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 37 степени Целзиусови.
Временската прогноза и за наредните три дена е сончево и топло со слаб ветер и температури до 39 Целзиусови степени. Од вторник температурите ќе бидат и повеќе од 40 Целзиусови степени.