Почина планинар кај изворот на Тресонечка Река – со хеликоптер бил префрлен до „8-ми Септември“
Од Центарот за управување со кризи јавуваат дека кај изворот на Тресонечка Река настрадал планинар.
„Вчера, планинар падна во провалија и се здоби со тешки повреди на главата, на многу тешко пристапен терен во предел пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“ во Општина Маврово-Ростуше. Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде што од страна на докторите е констатирана смрт“, велат од ЦУК.