Почина еден од најпознатите скопски бербери, Џеваир Јакупи – Џеки
Утрово на 38-годишна возраст во Скопје почина еден од најпознатите скопски бербер Џеваир Јакупи – Џеки, сопственик на студиото „Дјеки Јанг“ во ТЦ Зебра.
Веста со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Скопјани преку своите фејсбук профили споделуваат сеќавања и упатуваат последен поздрав до човекот кој секојдневно ширел позитивна енергија и се грижел за нивниот изглед.
Познатиот бербер Џеки, иако млад позади себе имаше повеќе од 25 години искуство во овој занает. Беше еден од омилените бербери на скопјани.