Македонија

Почина битолчанката брутално претепана од сопствениот внук, кој потоа отишол во казино

Пет дена по бруталното насилство во Битола, кога внук крвнички ја претепа сопствената баба и ја остави на работ на смртта, 79-годишната жена им подлегнала на повредите, јавува „СДК.мк“.

Жената не успеала да се избори со тешките повреди кои предизвикале крвавења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на зглобови.

Ужасниот чин внукот го извршил на 17 јануари. Според Обвинителството, 28-годишниот битолчанец ја блокирал жената и ја затворил влезната врата од куќата со фиока, по што со рацете ја удирал по главата и телото додека не се онесвестила. 

Откако ја оставил баба си да умре, насилникот избегал, а полицијата го нашла во казино во градот, по што го уапсила. По предлог на јавен обвинител му била изречена мерка притвор и со издадено судско решение осомничениот е пратен на опсервација и вештачење во Психијатриската болница во Демир Хисар за период од најмалку еден месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons