Актуелно

Починати се три лица, работници на Страбаг, во страотната сообраќајка на патот Штип – Радовиш 

Загинатите патници во утринската сообраќајна несреќа кај Балталиска река на патот Штип – Радовиш се работници на Страбаг кои биле превезувани на работа, пренесува штипската ТВ Стар.

Според први и неофицијални сознанија, комбето од секојдневната вообичаена рута денес излетало од патот и од мостот се срушило најверојатно поради неприлагодена брзина или пукање на гума.

Трета варијанта е и невнимателност, што треба да го утврдат увидните екипи кои сеуште се на терен.

Освен починатите тројца, има и преживеано лице на кое му се укажува лекарска помош во клиничката болница во Штип. Лицето е контактибилно.

Повеќе детали за несреќата од МВР се очекуваат подоцна во денот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons