Актуелно

Потпалувачот на Адвокатската комора направил штета од 150.000 евра и избегал во Косово 

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека 41-годишен скопјанец,кој потоа побегнал на Косово, е осомничениот потпалувач на просториите на Адвокатската комора со што направил проценета материјална штета од 150.000 евра.

По него е распишана потерница и ќе биде притворен штом ќе биде достапен за органите на прогонот. Осомничен е за тешки дела против општата сигурност. Пожарот беше подметнат во зграда во Порта Аеродром.а како што информира ОЈО, потпалувачот користел керозин и плински боци.

„На 25 ноември осомничениот со умисла подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ на ул. “Методија Шаторов – Шарло”, предизвикувајќи на тој начин значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери.

Една недела претходно осомничениот набавил секира со гумирана рачка, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин. На критичното утро, со сопственото возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, маскиран со “фантомка” и со секирата ја скршил влезната врата. Коцките керозин ги наредил на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и со употреба на плинската запалка ги потпалил. Со тоа предизвикал пожар од поголем обем во станбената зграда. Причинетата штета се проценува на околу 9.255.000 денари. Само 30-тина минути по настанот осомничениот веднаш со сопственото возило, преку граничниот премин “Блаце” ја напуштил државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons