Португалскиот тренер, Жозе Мурињо заработи суспензија на четири натпревари
Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција го казни Мурињо поради неговите коментари по дербито со Галатасарај оценувајќи ги како расистички.
Мурињо однесувањето на клупата на ривалот во дербито го спореди со скокање на мајмум, па тоа беше доволно да добие суспензија. Поради суспензијата Мурињо нема да биде на клупата на Фенербахче во натпреварите со Анталијаспор, Самсунспор, Бодрумспор и Трабзонспор.
Галатасарај поради коментарите на Мурињо испрати и тужба со која бара Мурињо да биде суспендиран и на шест месеци.
Од друга страна во јавноста се огласи Дидиер Дрогба и Микел Есиен, фудбалери кои во минатото соработуваа со Мурињо и застанаа во негова одбрана.