МакедонијаНајново

Поранешните директори осудени на затвор за пожарот во Модуларната болница 

Флорим Бесими и Артан Етеми, кои се обвинети во процесот по пожарот во модуларната болница, се осудени дека го сториле делото „тешки дела против општата сигурност“.

Година ипол затвор добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово за пожарот во Модуларната болница, а Клиничката болница како правно лице е одговорна за кривичното дело „предизвикување на општа опасност.

Флорим Бесими и Артан Етеми, кои се обвинети во процесот по пожарот во модуларната болница, се осудени дека го сториле делото „тешки дела против општата сигурност“.

За потсетување, претходно, двајцата ексдиректори добија условни казни.

Тетовската болница треба да плати еден милион денари.

Во пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 загинаа 14 пациенти и нивни роднини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons