Порака на денот: Оној кој е среќен и задоволен, не се споредува со другите
Мерил Стрип отсекогаш изгледала и изгледа како среќна жена. Во интервју за американскиот „Elle“, таа откри по кои правила живее, уверена дека тие и носат среќа и мир.
Оној кој е задоволен со себе, не се споредува со другите.
Тој што не се споредува со другите не е завидлив.
Кој не е завидлив, не е огорчен.
Кој не е огорчен е среќен.
Оној кој е среќен ќе знае како да усреќи некој друг.
Оној кој се радува себеси и некој друг покрај него, ја открил смислата на животот без да ја бара.