Актуелно

Поради топлотниот бран лекарите со апел да не се излегува доколку не се мора помеѓу 11.00 и 17.00 часот 

Пеколен топол бран ја зафати Македонија. Лекарите апелираат да се носи лесна и светла облека, да се пијат многу течности и доколку обврските го дозволуваат тоа, да не се излегува во периодт помеѓу 11 и 17 часот, кога темшпературите се највисоки и кога има најголемо УВ-е зрачење. 

– Оние кои што поради работните обврски се изложени и морат да бидат присутни во тој период да се хидратираат со вода, без алкохолни пијалоци да бидат заштитени со лесна светла облека и капи, изјави Валентина Митрова, матичен лекар

Ако веќе мора да се излегува, посебно постарите граѓани тоа да го прават во периодот пред 11 и после 17 часот.

–  Од раните утрински часови од 07:00 до  11:00 часот, после тоа не се препорачува ако нема потреба и не бараат обврските да бидеме изложени на овие високи температури кои што траат деновиве, додаде Митрова

Хроничните болни и трудниците се ослободени од работните обвски со наредба на Министерствто за здравство. За нив важи правилото да ја земаат препорачаната терапија од матичниот лекар и се повеќе да се консумира овошје и зеленчук. 

– Да земаат лесни и чести оброци со избегнување на масна храна -пржена. Македонија е поднебје кое изобилува со зеленчук и овошје така да топло препорачувам тоа да биде исхраната.“ посочи Митрова

Во периодот кој следи метеоролозите најавуваат дека ни претстои уште еден жежок бран со високи температури. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons