Свет

Поплави во БиХ, прогласена вонредна ситуација на западот на земјата

Во Босна и Херцеговина, поради дождот кој врне во изминатите денови, поплавени се бројни места, а најтешка е ситуацијата на северот и северозападот на Република Српска.

На подрачјето на Градишка, поради порастот на нивото на реката Сава поплавени се повее од 70 домаќинства, а три миста се оштетени.

Тешка е и ситуацијата во Приједор, во кој е прогласена состојба на вонредна одбрана од поплавите. Во текот на изминатата ноќ поплавени се околу 350 објекти, станбени и помошни, соопшти градската управа.

Пожарникарите извршиле 12 евакуации, а две семејства се привремено сместени во хотел.

Нивото на реките Сана и Горњеница во текот на ноќта растело и реките се излеале во населбите Горњеница и Тукови, каде е поплавено пошироко подрачје. Поплавеното подрачје во Приједор денес го посети претседателот на ентитетската влада Радован Вишковиќ.

Нивоата на повеќето останати реки во Република Српска се во стагнација или во опаѓање и тој тренд ќе продолжи, соопшти Хидрометеоролошкиот завод на РС.

Во Федерацијата БиХ најтешка е состојбата во Сански Мост, каде водата влегла и во подрумските простории на општината. Тешка е и состојбата на подрачјето на Бихаќ и Зеница, како и во областа Брчко.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons