Актуелно

Поништено решението за разрешување на поранешната претседателка на Судски совет, Весна Дамева 

Решението на Судскиот совет со кое поранешната претседателка на советот, Весна Дамева, беше разрешена од претседателската функција е поништено, потврдија од Управниот суд за МИА.

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува оваа одлука со која таа се враќа на претседателското место во Судскиот совет.

– Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи, стои во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму дополнуваат дека одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на право.

Од Судскиот совет за МИА велат дека ќе се чека на пресудата, бидејќи и тие за ова дознале од медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons