Полска подигна борбени авиони, НАТО ги активира сите расположливи сили: Ние сме во највисока состојба на готовност!
Поради активностите на воздухопловните сили со долг дострел на Руската Федерација кои вршат напади на територијата на Украина, полските и воздухопловните сили на НАТО утрово дејствуваа во полскиот воздушен простор, соопшти оперативната команда на полскиот Генералштаб на мрежата Икс.
Како што се наведува во соопштението, во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на полските вооружени сили ги активирал сите расположливи сили и ресурси со кои располага.
Дежурните борбени авиони во пар се изведени во воздух, системите за противвоздушна одбрана и радарско извидување на терен достигнаа највисоко ниво на подготвеност, се прецизира во соопштението на полската армија.
Откако престанаа нападите со долг дострел на руската војска врз Украина, престанаа и операциите на полските и сојузничките воздухопловни сили во полскиот воздушен простор, сите системи беа вратени на стандардна оперативна активност, заклучи во соопштение оперативната команда на полскиот Генералштаб.
Руските војници утринава извршија комбиниран напад на територијата на Украина со помош на крстосувачки ракети и беспилотни летала, а во целата земја беше прогласена воздушна тревога.