Свет

Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари

Полска и САД ќе потпишат договор за испорака на логистичка поддршка за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.

„Безбедноста на полското небо нема цена“, рече Косињак-Камиш, додавајќи дека ракетната одбрана и соработката со САД се приоритети за Полска.

Договорот со САД се однесува на обезбедување логистичка поддршка за системот „Патриот“ и вклучува компоненти за техничка поддршка, како и обука на персоналот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons