Полицијата пронајде 1.233 парчиња пиротехнички средства во Липково, едно лице е уапсено
Во продавница во Липковско, полицијата пронајде 1.233 парчиња пиротехнички средства, по што го уапси сопственикот.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.30 часот го уапсија 41-годишниот Б.У. од село Оризаре, Липковско.
При преглед во неговиот продажен објект се пронајдени 1.233 парчиња пиротехнички средства.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



