ВИДЕО: Полициски дронови ПАТРОЛИРААТ над шумите – ПОДМЕТНУВАЧИТЕ на нишан!
Како што веќе најави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, а во насока на рана превенција од пожари, полициските служби започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.
– Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат догорчиња, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен, рече Јанев по посетата на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гореше борова шума.
Дополнително ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови, кои ќе бидат во функција 24 часа заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.