Пожар на Вардариште ги остави Аеродром и дел од населбата Ново Лисиче без струја
Целата скопска општина Аеродром и дел од населбата Ново Лисиче попладнево останаа без електрична енергија откако голем пожар избувна на дивата депонија Вардариште. Огнот зафатил поголем простор и постар објект.
На терен интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила, а поради пожарот превентивно биле исклучени далекуводите што го снабдуваат со струја Аеродром и Лисиче.
За помалку од два месеци, ова е повторно ист проблем со кој се соочуваат жителите на Општината Аеродром.