МакедонијаНајново

Пожар во Јосифово, МВР покрена хеликоптер 

Во текот на денешниот ден на територијата на Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го загрози населеното место.Центарот за управивање со кризи соопшти дека на терен интервенираат 4 возила и 7 пожарникари од Валандово и 1 возило и 3 пожарникари од Гевгелија.По барање на градоначалникот, преку бројот за итни повици 112, побарана е воздухопловна поддршка и дополнителни тимови за справување со пожарот.„Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш испрати барање до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Секторот за специјални задачи (СИКС) при МВР за ангажирање на хеликоптер за гаснење од воздух. Хеликоптерот на МВР веќе е во воздух и се движи кон местото на пожарот“, известува ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons