Поевтинуваат дел од горивата, ова се новите цени
Цените на горивата по полноќ се намалуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, од каде посочуваат дека ова се должи на намалувањето на цените на нафтените деривати на светскиот пазар.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,888 денари за килограм.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.
Од 17.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,779 (денари/килограм).