Под мотото „Храна за душа“ започнува 37-то издание на Саемот на книгa
Под мотото „Храна за душа“ започнува 37-то издание на Саемот на книга. Почнувајќи од 8 па се’ до 14 мај, вратите на Саемот на книга ќе бидат отворени за сите љубители на пишаниот збор.
Во седумте саемски денови најавени се повеќе од 100 промоции и средби со автори, а се очекува бројот на посетители да се искачи до 30.000, од кои околу 12.000 ученици.
Работнотo време на саемот е секој ден од 10.00 до 20.00 часот.