Свет

ПОГЛЕДНЕТЕ МУ ЈА РАКАТА, ПУТИН МОЖЕБИ ПРАТИЛ ДВОЈНИК ВО МАРИУПОЛ – еве што забележа професор од Оксфорд 

Роберт Сервис, почесен професор по руска историја на колеџот Свети Антониј, Универзитетот во Оксфорд, за Sky News изјави дека е можно Путин да испратил двојник во Мариупол. Зборувајќи за посетата на Владимир Путин на окупираниот украински град Мариупол во саботата, тој рече дека можеби сè не е како што изгледа. Тој рече дека постои „извесен сомнеж“ дека Путин бил во градот, додавајќи дека тоа можело да биде двојник.

Гледајќи го видеото од посетата, тој рече: „Па, погледнете ја неговата десна рака, која обично не се движи многу — многу се движи“.

„Другата работа е што тој ќе мора многу брзо да се врати во Москва за да направи се што направи денеска“, рече тој. Денешните должности на Путин вклучуваа обраќање на состанокот на Министерството за внатрешни работи со долг говор и поминување време со кинескиот претседател во посета на земјата.

А што сака Кина од Русија? „Мислам дека претседателот Кси воопшто не сака „Голема Русија“. Мислам дека тој се обидува да изгради нов пат на свилата низ поранешниот Советски Сојуз на југ, што е спротивно на интересите на „Голема Русија“, рече Сервис. 

„Значи, она што го прават Кинезите е да го користат овој див волк Русија во меѓународните односи за да предизвикаат проблеми за НАТО, за да ѝ прават проблеми на Америка што е можно повеќе без Кинезите да мораат да кренат прст“, додаде тој.Извор: Индекс.хр

Фото: ЕПА


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons